2win800x200

Ќе се формира НУ Камерен оркестар Битола и Музеј на Смилевскиот Конгрес

Декември 15, 2022

Ќе се формираат три нови национални установи од областа на културата, одлучи Владата  прифаќајќи го предлогот на Министерството за култура.

 

Ќе се основа Меморијален музеј на Смилевскиот конгрес во Смилево, кој денес функционира како депанданс на Завод и музеј – Битола, иако е оддалечен повеќе од триесет километри од матичната институција. Оваа институција е значајна, вели Владата, бидејќи во неа преку текстуални документи и фотографии е претставено значењето на Смилевскиот конгрес од 1903 година. На овој конгрес на Битолскиот револуционерен округ била донесена одлуката за Илинденското востание – на 2 август 1903 да се крене востание против Отоманската империја.

Ќе се основа и национална установа Камерен оркестар на Битола во Битола, што се очекува значително да ја зголеми културната понуда на целиот Пелагониски Плански Регион, опфаќајќи ги градовите Битола, Прилеп, Демир Хисар, Крушево и Ресен

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани