2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

СЕ ВРШАТ ПРОВЕРКИ ВО УЧИЛИШТАТА ОД КАДЕ ШТО ПРИСТИГНАА ДОЈАВИ ЗА БОМБИ

Декември 16, 2022

Заменик градоначалникот на општина Битола, Бојан Бојкоски и секретарот на општината, Борче Димитровски, ги посетија дел од училиштата, каде утрово имаше дојави за бомби. Во разговор со директорите, се информираа за моменталната состојба во училиштата, каде што полициските екипи веќе вршат проверки. Бојкоски и Димитровски, се во постојана координација и со екипите од СВР Битола.

poseta ucilista 02 Сите ученици, наставниот кадар и другите вработени во седумте основни училишта, каде утрово имаше дојава, безбедно се евакуирани, а настава во втора смена нема да има во основните училишта, каде беа дојавите, односно во: „Кирил и Методиј“, „Гоце Делчев“, „Ѓорги Сугарев“, „Климент Охридски“, „Елпида Караманди“, „Даме Груев“ (централното училиште и подрачните во Долно Оризари и Карамани и училиштето „Александар Турунџев“ во село Кукуречани.

poseta ucilista 06

Општина Битола, останува во постојана комуникација со полицијата, како и подготвеност за поддршка во делувањето, доколку истото биде потребно.

poseta ucilista 14

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, после извршената координација со полицијата и директорите, утрово испрати апел за смиреност до граѓаните и имајќи ја предвид вознемиреноста која ја предизвикуваат дојавите, замоли за почитување на пропишаните правила и прописи за постапување во овие случаи.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани