2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Известување од градоначалникот Коњановски и апел до граѓаните, после денешните дојави за поставени бомби во 7 основни училишта во Битола

Декември 16, 2022
 
Утрово, добив информација за дојави за поставени бомби во основните училишта: „Кирил и Методиј“, „Гоце Делчев“, „Ѓорги Сугарев“, „Климент Охридски“, „Елпида Караманди“, „Даме Груев“ (централното училиште и подрачните во Долно Оризари и Карамани и училиштето „Александар Турунџев“ во село Кукуречани.
 
После добиените информации за поставени бомби во 7 основни училишта во општина Битола, воспоставена е постојана комуникација со директорите на основните училишта и полициските службеници.
 
Благодарение на брзото постапување, сите ученици, наставниот кадар и другите вработени во училиштата, се евакуирани на безбедно место, а настава во втора смена во овие училишта нема да има. 
 
Во меѓувреме, од страна на полицијата се преземаат потребните мерки за проверка на дојавите.
 
Апелирам на смиреност и почитување на пропишаните правила и прописи за постапување во овие случаи.
 
Општина Битола е во постојана комуникација со СВР Битола, а сите општински ресурси се ставени на располагање до целосно завршување на проверките во сите основни училишта.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани