Интегрален текст од соопштение на СДСМ Битола
За ДПМНЕ ништо не е доволно добро ако не е одлично само за нив и нивните партиски послушници. Особено во културата, област која ДПМНЕ со години ја сквернавеше и ја сквернави сеуште преку своите градоначалници.
Политичка партија за која алфа и омега во културата е партиската книшка со жолтото лавче не може да коментира уметници, членови на комисии и одлуки на еминентни професионалци.
Нападите врз Министерството за култура и министерката Бисера Костадиновска Стојчевска во врска со Годишните конкурси за проектите од културата за 2024 година се само уште еден изблик на груевистичкиот модел на делување кој, очигледно, сеуште е силно присутен во ДПМНЕ.
Транспарентната и отчетна постапка за избор на најдобрите апликации што пристигнале на конкурсите е спротивна на праксата на ДПМНЕ за апликациите да одлучува Груевски, Коњановски или нивни блиски луѓе кои јавноста не ги знае.
Од 2017 година наваму, распределбата на Буџетот за култура е јавна и јавно се објавуваат резултатите од конкурсите со висината на поддршката и составот на комисиите.
Спротивно на тоа, во Општина Битола, на пример, огласи за култура се распишуваат по желба на градоначалникот, а парите ги делат луѓе кои најблискиот допир со културата го имаат кога поминуваат покрај Народниот театар.
Почитувани од ДПМНЕ,
Намалете го доживувањето пред избори. И сами знаете дека лажна ви е еуфоријата како што е лажно се што ветивте. И следните избори ќе ги загубите оти во две години, секаде каде што имате градоначалници, ги потсетивте граѓаните како изгледа кога ДПМНЕ владее. Затоа, важно е да замолчите! Поважно е да престанете да лажете! Најважно е што нема ја освоите власта оти Македонија нема време за губење!