2win800x200

Демант од ПОДЕМ: Во ЗОО Битола се работи професионално, закупецот несакајќи ги оштетил стаклата од барот

Февруари 16, 2024

Интегрален текст од  демант на партија ПОДЕМ на прес конференцијата на СДСМ

 

Битолската СДС пак се збуни. Тоа што им е дома го гледаат надвор. Сега виде рушење и бегство на луѓе од ЗОО Битола. Вистината е сосем поинаква. Закупецот на простор во ЗОО Битола не ја прифати киријата предложена од УО на ЗОО, која му се понуди, наместо досегашниот износ кој досега го имаше при што самиот донесе одлука да се исели од локацијата.  Јавниот интерес е пред приватниот бизнис и тука нема дилеми. Притоа, тој во вршење на селењето, н намерно несакајќи, ја оштети дел од стаклената површина, не во нервоза ,туку во невнимание, што може на секој да му се случи. 

Значи, во ЗОО Битола се работи професионално и ако со значително минимални човечки ресурси (скоро половина од вработените во последните 2 - 3 години поради заминување во заслужена пензија, а нема одобрување на нови ссогласности за вработување на нивно место, од страна на сдс - овската министерка) се пласираат перманентно ЛАЖНИ вести за наводно лошо работење во ЗОО, што не е вистина.
Имено, рушење и бегство на луѓе има само во СДС, но добро е што СДС тоа не го гледа, а ќе го види на парламентарните избори што ќе се одржат на 8 Мај.
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани