2win800x200

Притвор за осомничен дилер на марихуана од Битола

Декември 24, 2022

– Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен битолчанец во чиј дом била пронајдена 72,69 грама наркотична дрога – марихуана, спакувана во повеќе различни пакувања, а против кого, исто така, е определена и мерка притвор.

Според Јавното Обвинителство, за него постои основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.

– При претрес во домот на осомничениот на 21 декември на улицата „Стрчин“, полициски службеници пронашле 72,69 грама наркотична дрога – марихуана, спакувана во повеќе различни пакувања, стои во соопштението од ЈО.

Дополнуваат дека надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

– Судијата го прифати предлогот и донесе решение со кое на осомниченото лице му определи притвор во траење од 30 дена, дополнуваат оттаму.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани