АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Бизнисменот Александар Талевски за Апла.мк вели дека никакви закани по живот не упатил кон ни еден советник, туку само го прашал советникот од ПОИНАКУ, Иван Чулакоски каде му е бејзбол палката што ја вадел на говорница кога бил опозиција.
По пишувањата на Апла.мк дека познат битолски бизнисмен вчера упатил закани по живот кон претседателката на Советот Габриела Илиевска и уште над десеттина други битолски советници во ресторан на Широк Сокак, https://apla.mk/direktno/ се јави бизнисменот Талевски и тврди дека до инцидент не дошло и се чуди зошто воопшто бил пријавен во полиција од претседателката на Советот Габриела Илиевска и другите присутни советници кога единствено што направил е што упатил прашање до советникот Чулакоски.
„Влегов во кафеаната, таму седеа советници и јас не се обратив кон никого, туку само кон советникот Иван Чулакоски и бидејќи тој е познат во јавноста дека вадеше бејзбол палка на советничката говорница додека беше опозиција, јас само го прашав -Каде ти е палката што ја вадеше на говорница? Инаку јас бев поддржувач на независната листа ПОИНАКУ и тие тоа добро го знаат. Значи не е точно дека сум загрозил нечија безбедност, тоа е лага. Дури и мојот син беше на листата на првата советничка листа на ПОИНАКУ кога се основа независната група“, вели Талески.
Тој тврди дека ништо не барал од претседателката на Советот Илиевска, ниту од било кој друг советник што би било во негова лична корист, напротив вели дека се што работи е легално и според законите и нема потреба од привилегии.
„Јас не би упатил барање до Советот и Илиевска оти тоа би ме чинело многу пари“, вели Талевски.
Талевски најавува контра тужби за советниците Илиевска и Чулакоски за реваншизам, за што вели целата ситуација ќе ја докаже пред суд.