АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Судскиот совет, која го испитуваше одолговлекувањето на случајот „Транспортер“ во кој на казна затвор се осудени екс градоначалникот на Битола, Владимир Талески и екс секретарот на Општината Слободан Бончановски открива дека предметот седел во фиока со Скопска апелација речиси три години.
За предметот „Транспортер“, кој речиси три години седеше во фиока во Апелација, судија-известител беше Енвер Беџети. Последните денови од декември беше донесена пресуда, откако медиумите упорно пишуваа дека предметот фаќа прашина во Апелација, а главниот обвинет, ексградоначалникот на Битола Владимир Талески примаше плата од Театарот, седејќи дома во куќен притвор. Од овие три години, девет месеци се на непишување и необјавување на пресудата. Таа била донесена во април, но судијата-известител немал време да ја напише, иако рокот за тоа е 60 дена, што значи во јуни требало да биде објавена, а Талески уште тогаш да оди во затвор, објави сдк.мк.
Од завчера Талески е на издржување ефективна казна затвор од 4 години во Прилепскиот затвор