Соопштение од Општина Битола

Јануари 17, 2023
Врз основа на член 29 и член 50 од Законот за урбанистичко планирање („Сл. весник на РСМ” бр. 32/20), чл. 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (Сл. весник на РМ Бр. 5/02) и донесената Програма за финасирање на изработка на урбанистички планови на подрачјето на Општина Битола за 2022 и 2023 година, Градоначалникот на Општина Битола го издава следното:
С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на Повторна ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА и ЈАВНА АНКЕТА за Предлог УПВНМ за формирање на градежни парцели со намена Е1.13-фотоволтаични електрани со моќност до 1 MW на КП Бр. 318/1, КП Бр. 318/2, КП Бр.319, КП Бр. 326, КП Бр. 330, КП Бр. 331, КП Бр. 334/1, КП Бр. 334/2 и дел од КП Бр. 3591 м.в. Брзо кај Чешма КО Лисолај - Општина Битола
Повторната Јавна презентација на Предлогот на Планот ќе се одржи на ден 03.02.2023 година (петок) во 10.00 часот во Салата на Совет на Општина Битола, на Бул. 1 ви Мај бр.61, во Битола.
Предлог УПВНМ за формирање на градежни парцели со намена Е1.13-фотоволтаични електрани со моќност до 1 MW на КП Бр. 318/1, КП Бр. 318/2, КП Бр.319, КП Бр. 326, КП Бр. 330, КП Бр. 331, КП Бр. 334/1, КП Бр. 334/2 и дел од КП Бр. 3591 м.в. Брзо кај Чешма КО Лисолај - Општина Битола, се однесува на опфатот кој е дефинирaн со граници соодветни на изложениот графички прилог. Површината на планскиот опфат во рамки на зададените граници изнесува 4.461 ха.
Графичкиот прилог од УПВНМ, ќе биде изложен на огласна табла во просториите на Општина Битола, на веб страната на Општина Битола www.bitola.gov.mk во панелот за јавна презентација и јавна анкета во информацискиот систем е-урбанизам, на официјалната страна на facebook на Општина Битола и на јавно место во село Лисолај почнувајќи од 17.01.2023 год.
Повторната Јавна анкета на Предлог УПВНМ, ќе трае 10 работни дена почнувајќи од 02.02.2023 год. заклучно со 15.02.2022 година.
Во одредениот рок заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со предлог планот, можат да доставуваат забелешки, предлози и мислења на анкетни листови, во писмена форма, кои можат да се подигнат од шалтерите на Општина Битола или во електронска форма преку информацискиот систем за е-урбанизам.
Се повикуваат правните и физички лица од конкретното подрачје на предлог планот да земат учество во јавната анкета, бидејќи тоа е од наш заеднички интерес.
Линк до соопштението и синтезниот план Повторна ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА и ЈАВНА АНКЕТА за Предлог УПВНМ за формирање на градежни парцели со намена Е1.13-фотоволтаични електрани со моќност до 1 MW на КП Бр. 318/1, КП Бр. 318/2, КП Бр.319, КП Бр. 326, КП Бр. 330, КП Бр. 331, КП Бр. 334/1, КП Бр. 334/2 и дел од КП Бр. 3591 м.в. Брзо кај Чешма КО Лисолај – Општина Битола https://www.bitola.gov.mk/wordpress/wp-content/uploads/2023/01/Соопштение-за-ЈП-и-ЈА-за-УПВНМ-Лисолај.pdf, https://www.bitola.gov.mk/.../uploads/2023/01/Sintezen.pdf
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани