2win800x200

Старото училиште во Љубојно ќе се ревитализира во Центар за промоција на македонскиот јазик

Јануари 17, 2023

Владата на денешната редовна седница ја разгледа Информацијата за изработка на Проект за реконструкција и ревитализација на Старото училиште „Димитар Влахов” во село Љубојно и за негова адаптација во Центар за промоција на македонскиот јазик.

Имајќи ги предвид вредностите на Старото училиште „Димитар Влахов” во селото Љубојно, надлежната установа НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј- Битола, како што соопштија од Министерството за култура, иницира постапка за негова реконструкција и ревитализација како Центар за промоција на македонскиот јазик.Задолжено е Министерството за култура да ги преземе сите натамошни дејствија во врска со адаптацијата на училиштето „Димитар Влахов” во Љубојно, во Центар за промоција на македонскиот јазик.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани