2win800x200

Неделава нé очекува многу студено време со температури и под -10

Февруари 06, 2023

 

6.02 2023г. МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
-17 Попова Шапка, -13 Маврови Анови, -12 Крушево, -10 Берово, -9 Претор, -8 Охрид, Дебар, -7 Битола, Крива Паланка, -6 Прилеп, Тетово, Штип, -5 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Куманово, Виница, -4 Струмица, Д.Капија, -3 Дојран, -1 Гевгелија.
ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА
Во западните делови променливо облачно, а во останатите сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој на места ќе достигнува брзина над 60 км/час. Максималната температура ќе достигне од -4 до 4 степени.

ВРЕМЕТО УТРЕ: Наутро многу студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието.

ВРЕМЕТО ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ: Следува период на стабилно и студено време, особено наутро кога минималните температури на места ќе се спуштаат и под -10 степени. Дневните температури ќе бидат во постепен пораст.
 
ИЗВОР: УХМР
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани