Средба на Здружението на пезнионери со директорот на Национални шуми околу предизвиците за посредување при набавка огревно дрво

Февруари 07, 2023

И покрај тоа што Извршниот одбор и Собранието на ЗП Битола донесоа заклучоци во тековната 2023 год Здружението да не постредува при набавката на огревно дрво за пензионерите од познатите причини што за 2022 год имаше огромни проблеми при испораката на огревното дрво од страна на операторите- - превозниците, заради големиот интерес на пензионерите да не се прекини посредувањето при набавката на огревново дрво, деновиве во ЗП Битола се одржа состанок на ИО со генералниот директор на Национални шуми Валентин Груевски. На него се разгледаа можностите за престојната грејна сезона пензионерите да можи да се снабдат со огревно дрво со плакање на рати.

ps1

На состанокот претседателката Даница Петличкова го запозна директорот Валентин Груевски со проблемите што се почуствуаа со нередовната достава на огревните дрва , која дефинитивно заврши во првата недела од февруари, наместо на 30.09. 2022год како што беќе предвидено до договорите.

Директорот во своето излагање изнесе дека Петличкова вложуваше напори пензионерите да ги добијат дрвата според договорите. Исто така, тој нагласи дека Национални шуми распишуваат тендер за оператори- превознивци и им продаваат договорени количини на огревно дрво и понатаму нема контрола каде и како и по која цена ке ги продаваат договорените количини на огревно дрво.

ps3

Со други зборови, Нациинални шуми не може да им гарантира на ЗП Битола нити за навремена испорака, нити за висината на цената, ниту за квалитетот на огревното дрво.   Меѓутоа во текот на годината се случи зголемување на цената на дрвота со одлука на влада од 20%.За да се избегне тоа зголемување беше договорено ЗП Битола да ги исплати во целост паричните средства на операторите поради задржување на договорената цена.

ps5

За ваквата постапка за задржување на цената на огревно дрво, ЗП Битола , односно сите пензионери кои имаа запишано огревно дрво треба да бидат благодарни на заложбите на директорот Валентин Груевски.

Мора да се потенцира дека и пред наведеното зголемување од 20% на цената на огревното дрво, операторите побаара цената да порасне за 200 ден по просторен метар. Но, после долги преговори со истите, се прифати зголемување по 100 ден по просторен метар кое го подмири ЗП Битола од редвните средства за работа.

По долга дискусија се донесе заклучок за можноста за посредување при набавка на огревно дрво да се одржи состанок со оператотите кои ќе го добијат тендерот од Национални шуми.

ps6

ps7

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани