АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 20.02.2023 во 15.20 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Тошо Даскало“ во Битола, товарно возило „цитроен џампер“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(20) од с.Оптичари, битолско, удрило во Б.С.(75) од Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.С., констатирани во Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.