Општина Битола, објави јавен повик за работно ангажирање на 15 невработени лица со средно образование кои ќе вршат доставување на решенија и покани за данок на имот до граѓаните.
Работното ангажирање ќе биде за период април/јуни и ќе добиваат надоместок по учинок 17 денари за решение и 3 денари за покана.
Кандидатите треба да достават барање, копија од документ за идентификација (лична карта).
Заинтересираните кандидати да се јават во период од 6 работни дена од денот на објавување на огласот, заклучно со 28.02.2023 год.
Бараните документи можат да се достават во просториите на Општина Битола ул. ,,Булевар 1 Мај“ бр.61 на шалтер бр 1.