АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„Ова е порака до сите оние кои се сомневаат во способностите и капцитетите на локалната самоуправа. Ние не сме тука за собирање ситно политички поени и удоволување на некоја партија, ние сме тука за граѓаните затоа бевме избрани да го направиме најдоброто како знаеме. Ги повикувам сите добронамерни политички партии и организации да се вклучат да помогнат конечно да излеземе од ова повеќегодишно сивило. Ве уверувам, граѓаните ќе бидат сведоци ние ќе си достоиме на ветеното да го напоравиме тоа на најдобар начин. Затоа да ги оставиме политиките и ситните интереси настрана, да работиме“, рече Коњановски по обвинувањата на Поинаку дека дел од проектите не се сработени од локалната власт иако одлуките за нив Советот ги донел.
„Направени сите подготовки и активности во изминатата година, целата планска документација е во завршна фаза и почнуваат со реализација на терен. Веќе се тендерирани дел од проектите, рече тој, деновиве почнуваат на терен со подобрување на линиската инфраструктура, патната мрежа. Денес ќе се објави и тендерот од првата фаза за прифатилиштето за бездомни животни. Шесте локации каде беа турнати гаражите во периодот кој следи ќе се уреди просторот, а во тек се и работите на новиот парк.
„Не би сакал да навлегувам во политика, поставен сум и избран од граѓаните. Максимални напори се вложуваат, обемна документација со оглед на тоа дека ништо не беше подготвено за да ги направиме сите проекти ни требаше време. Некои работи можебио ќе задонцат, но ќе се сработат во секој случај“, рече Коњановски.
-Дали ќе опстани колаицијата, тоа останува на оние кои ја почнаа приказната. Од самиот почеток со моето појавување на говорницата кажав дека Советот и градоначалникот имаат голема тежина и одговорност да ги спроведат работите за кои се избрани. Сите оние кои сакаат да податат рака и д а бидат дел од напорите што ги правиме за подобро утре на градот се добредојдени. Секогаш имале отворена врата, секогаш проектите се прифајќале од едните, другите и третите. Да не навлергуваме во ситено политички поени и профитирање кој и како ќе каже, делата ќе кажат.