2win800x200

СВЕТСКО - А НАШЕ: Театарската претстава за деца "Трите прасиња" оваа сабота пред битолската публика

Март 24, 2023

Конечно и во Битола да се случи вистински голем детски спектакл, на голема сцена. Станува збор за детската театарска претстава – МЈУЗИКЛ “Трите прасиња”. Оваа атрактивна детска претстава веќе по неколку пати ги полни салите низ градовите во цела Македонија, а сега по барање на битолската публика ќе гостува и во Битола. Овој детски музички спектакл, ќе биде изведен на сцената во големата сала во Центарот за култура во Битола на 25.03.2023 година (сабота) со почеток во 11-30 часот. Овој пат, честа да уживаат во овој детски музички спектакл ја имаат најмладите битолчанчиња со нивните родители, кои ќе го проследат мјузиклот со Волкот и трите прасиња, и вистински ќе уживаат во оваа детска музичка претстава.


Продажба на карти на Билетарата од “Центар за култура” – Битола, секој ден од понеделник до сабота од 11 до 20 часот. Професионални маски + одлично адаптиран детски текст + повеќе новокомпонирани детски песни специјално создадени за оваа театарска претстава за деца -МЈУЗИКЛ – “ТРИТЕ ПРАСИЊА”.Креатор на настанот е на далеку докажаната “БАЛАДА АРТ ПРОДУКЦИЈА”.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани