АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Недостатокот на можности за соодветно вработување на млади луѓе, немањето соодветни обуки и тренинзи за млади, непостоење на младински културен центар, проблеми со транспортот помеѓу населените места – вака беше презентирана состојбата на младите во општина Могила на завршната конференција на иновативната иницијатива „Поттикнување на претприемачкиот дух кај младите во општина Могила“.
Општина Могила и тоа како го чувствува проблемот со невработеноста, која особено ги тишки младите. Според пописот од 2021 година само 17 проценти од жителите во Општината се млади лица на возраст од 14 до 29 години. Споредбено со пописот во 2000 година се бележи голем пад на младата популација. Една од причините е невработеноста, иселувањето и недоволните мерки за развој на претприем
Иван Дургутов, дел од проектниот тим на Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола, кои го спроведуваа овој проект, изјави дека повеќето општини во земјава имаат слични предизвици во однос на нивните млади жители.
„Тоа се младинската невработеност, културниот живот, спортот итн. Од друга страна, руралните општини како општини со поспецифични услови, најчесто и со помали ресурси, се соочуваат со уште поголеми предизвици. Овој проект и иновативната иницијатива имаа за цел да ги активираат младите од општината и околината да бидат поагилни, да имаат уште поголеми барања од своите општини, но и да се вклучуваат во можностите кои постојат за нив.нички бизниси“, изјави Дургутов.
Градоначалникот на Општина Могила, Драганчо Саботковски, на денешната конференција го најави отворањето на локалниот младински културен центар, со кој општината ќе се усогласи со најновото законско решение во овој поглед.
„Просторот е обезбеден, следува негово доопремување“, рече Саботковски, и ги повика младите да бидат гласни и да ги кажат своите идеи и потреби за реализација преку тој центар.
Иновативната иницијатива „Поттикнување на претприемачкиот дух кај младите во општина Могила“ е во реализација на Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола, а спроведените активности беа во рамки на проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Целта на проектот беше зголемено вклучување на младите во подобрување на нивната социо- економската ситуација преку структурен дијалог со локалните власти и активни мерки за промоција на претприемништво и потребни вештини и знаења кај младите во Могила.