АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
„МВР за граѓаните- заедница, доверба и одговорност“ е новата кампања што ја покрена Министерството за внатрешни работи со цел зајакнување на довербата кај граѓаните,а од денес почна да се спроведува и во Битола преку активности на Секторот за внатрешни работи -Битола. На плоштадот Магнолија СВР-Битола постави штанд и им подели флаери на граѓаните со информации за полицијата во служба на заедницата, проактивен пристап ориентиран кон решавање на проблемите и други податоци околу работењето на МВР.
„Министерството започнува со нова кампања која од денес почна да ја спроведува и Секторот за внатрешни работи Битола со цел да ја афирмирање работата на полицијата поблиску до граѓаните, да ја зајакнеме довербата и да кажеме дека тука постоиме за заедницата, пред се за граѓаните. СВР Битола претставува транспарентна инситуација која ја јакне довербата со ѓраѓаните, отворена е за нив и им ги гарантира безбедноста и сигурноста со цел да направиме една побезбедна средина за живеење на сите граѓани на општина Битола“, рече Сања Стаматова портал на СВР Битола.
Штандот го посети и градоначалникот Тони Коњановски, која истакна дека како локална самоуправа ја поддржуваат кампањата.
„Како локална самоуправа ja поддржуваме оваа кампања која има за цел граѓаните да бидат поблиску до МВР, вклучен е и Советот за локална превенција, Советот, јавните претпријатија, граѓански здуженија, иницијативи, Територијалната протовпожарна единица се со цел безбедност на граѓаните и приближување до акциите кои тие ги спроведуваат. Граѓаните да се запонаат со работата на МВР и да си помогнеме едни со други зашто само така можеме разните девијантни појави во ова турболентно и напнато време да ги решиме. Вработените во МВР прават се што е во нивниот домен и надлежности, а граѓаните се тука да бидат поддржувачи, да помогнат, но и една врска на контрола на работењето на МВР. Како локална самоуправа секогаш ќе ги поддржуваме ваквите активности, често имаме и заеднички средби и само со заедничка меѓусебна доверба меѓу граѓаните , Советот локална превенција, Советот на Општината и МВР заедно можеме да направиме многу за зајакнување на довербата“, рече Коњановски.