АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Реакцијата на советничката Лидија Павловска ви ја пренесуваме во целост.
Доказ колку е алармантна состојбата во образованието со оваа централна власт и со големите наводни инвестиции на МОН раководено од СДС и ДУИ е денешниот немил настан во медицинското училиште ,,Д-р Јован Калаузи“.
Имено, после голите партиски фалби на СДС дека го реновирале училиштето и создале пријатна и безбедна средина за учење на учениците, денес се сруши таванот во ученичкиот тоалет. За да биде трагедијата поголема, таванот од тоалетот се сруши врз грбот на ученик од истото училиште. Среќа, во овој немил настан, ученикот е без поголеми и сериозни повреди.
При сето брзање на директорката на медицинското училиште “Д-р Јован Калаузи“, да ја прекине он лајн наставата и да ги врати учениците во училишните клупи, после сличните случаи во Струга, каде Државниот просветен инспекторат издаде решение за отстранување на неправилностите и барање одговорност од директорите на тие училишта, сигурно таа не водеше сметка на квалитетот на реконструктивните зафати, а со тоа најмалку водеше сметка за безбедноста на учениците.
Го прашуваме МОН, раководено од СДС и ДУИ: дадовте ли вие согласност за брз реконструктивен зафат и он лајн настава за учениците додека трае овој наводен зафат?
Ја прашуваме директорката,, дали и после овој скандал, сеуште тврди дека нема никаква одговорност и не знаела што се случува, како што тоа го тврдеше кога нејзиниот вработен изнесе неколку тона нафта од училиштето?
Како раководно лице на училиштето, директорке, го пријавивте ли денешниот случај кај надлежните органи? И на крај, дали ќе понесете одговорност и ќе поднесете оставка, од причини јасно наведени во Законот за средно образование, зашто по којзнае кој пат, нанесувате штета врз училиштето и учениците?