Училиштата ќе бидат прв приоритет за заловување на уличните кучиња и нивна стерилизација, одговори градоначалникот Тони Коњановски на веста на Апла дека кучиња скитници се собираат околу ООУ „Св. Климнет Охридски“ во Битола, а учениците и родителите стравуваат за нивната безбедност.
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, информираше за постапките кои ги спроведува општината за решавање на проблемот со бездомните кучиња. На новинарско прашање, Коњановски појасни дека, конечно се реализираат активности и проекти за систематско решавање на состојбата:
„Проблемот со уличните кучиња е повеќегодишен проблем, не само во Битола туку и во други градови од
државата. Искрено се трудиме и сме отпочнати со решавање на проблемот. Во таа насока од буџетот на општината се издвоени 46 милиони денари. Во текот на утрешниот ден веќе почнува еваулацијата на повикот кој беше за изградба на прифатилиште за бездомни животни и во делот на таа прва фаза, односно изградба на надворешниот дел изградба на прифатилиштето, фактички ќе избереме еден оператор кој ќе отпочне со изградбата на објектот. Во меѓувреме знаете дека склучуваме договори со ветеринарните институции. 149 кучиња во изминатиот период беа заловени, прифатени,стерилизирани и маркирани, се прават тестови и за лашманиоза и се она што е важно и потребно за превенција од ширење на заразните заболувања, меѓутоа и заштита на населението во тој домен. Секако во повикот кој го имаме сега треба да отпочне нов оператор, училиштата ќе бидат прв приоритет, затоа што навистина проблемот е долгогодишен, можеби не третиран повеќе години, меѓутоа велам дека само со заедничка заложба на повеќе фактори, за што имавме средба и со Агенцијата за храна и ветеринарство и мислам дека ќе реализираме трајни решенија кои нема да одат така лесно и брзо, но проблемот мора систематски да го решаваме, рече градоначалникот Коњановски.