2win800x200

Во Библиотеката заедничко одбележување на католичкиот и православниот Велигден

Април 12, 2023

Националната Установа Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола, Француската Алијанса од Битола и ООУ “Даме Груев“ – Битола заеднички го одбележаа празнувањето на католичкиот и православниот Велигден. Следната недела ќе се одбележи и празникот Бајрам.

Денеска учениците од различни религии имаа можност да научат како се прославува Велигден, научија за католичкиот Велигден на македонски и на француски јазик преку квиз и награди, заедно боеја јајца и на крај имаа мала авантура низ Библиотека да бараат каде се скриени малите чоколадни јајца. Декорираните јајца се изложени во холот на библиотеката.
Следната недела следува нова работилница за празникот Бајрам.
 
„Мултикултурализмот и адресирањето на меѓуетничките односи во нашето општество претставуваат основа за меѓусебното разбирање и градењето на кохезивно општество. Со денешната работилница сакаме да упатиме јасни пораки за соживот и заемна почит меѓу сите, разбирање, спознавање и негување на вистинските човекови вредности, напредок и благосостојба на сите ученици од различни религии. Заедничките чествувања на празниците имаат за цел да се надминат разликите, да се почитуваат традициите, културата, обичаите, да се дружиме, да има повеќе комуникација, а преку тоа да има и поголема безбедност и доверба помеѓу граѓаните“, истанаа од НУУБ„Св. Климент Охридскии“ од Битола. 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани