2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

ВМРО-ДПМНЕ: Изразуваме надеж дека никој, а особено Поинаку, нема да дозволат Советот да стане исклучиво политичка арена и театар

Април 20, 2023

Интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМЕН за новонастанататa ситуација во Советот на Општина Битола

 

Во интерес на граѓаните и вистината и само заради функционирањето на општина Битола, сметаме дека на јавноста треба да и се предочат следниве факти:

- со денешната седница продолжи да преседава највозрасната советничка, откако претседателката на Советот, како што и сама потврдува во изјавата заедно со членовите на советничката група Поинаку, ја напушти седницата, а тоа го направи претходно и советничката група на СДС. И покрај тоа што не беа исполнети ниту еден од наведените услови за прекин на седницата, според член 65 од Деловникот за работа на Советот на општина Битола, седницата беше прекината и претходно споменатите советнички групи ја напуштија седницата.
 
- останатите присутни 16 советници по констатацијата од службите, дека Советот има кворум за работа, според Деловникот избраа преседавач, кој што исклучиво преседаваше со започната седница.
 
- сметаме дека одговорноста пред граѓаните е примарна и ние и натаму остануваме дефинитивно во силно сојузништво со нив.
 
- сите советници, кои ја добиле довербата од битолчани ги повикуваме да работат во интерес на граѓаните, а ние сме подготвени да ги поддржиме сите добри идеи и проекти во интерес на градот и општина Битола.
- во име на демократијата, транспарерноста и вистинската заложба единствено интересот на граѓаните да биде во центарот, изразуваме длабока надеж и уверување дека никој, а особено советничката група Поинаку, како преставници на независна граѓанска листа, нема да дозволат Советот да стане исклучиво политичка арена и театар, а не простор каде ќе се решаваат проблемите на граѓаните и ќе се унапредува целокупниот развој на општина Битола.
 
- имаме разбирање за неможноста на СДС да не учествува во расправи, затоа што во нивниот четиригодишен локален мандат потврди дека тешко се справува со одговорноста и водењето на градот, а целиот овој нивни опозициски период, за жал и со денешниов чин не увери дека не се снаоѓа добро ниту како опозиција.
 
Центар за комуникации ОК ВМРО ДПМНЕ Битола
 
vmro
 
vmro2
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани