АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Младински културен центар – Битола (официјален младински клуб на УНЕСКО) за одбележување на Меѓународниот ден на џезот организираше концерт во живо на ЗУЛУ 3.4 во неделата на 30 април 2023 година во Порта Џез во Битола. Извонреден настап во живо на овие млади професионални музичари пред битолската публика, со изведба на авторска современа џез музика. ЗУЛУ 3.4 е добитник на наградата за најдобар млад македонски џез бенд, што традиционално се доделува секоја година од страна на Скопскиот Џез Фестивал.
МКЦ-Битола започна со одбележување на Меѓународниот ден на џезот во 2013 година со концертот на Иван Иванов квартет во Битола.
Концертот на ЗУЛУ 3.4 по деветти пат ја стави Битола на глобалната мапа на градови кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот и ги слават вредностите кои тој ги промовира. Џезот има многу важна улога во охрабрувањето на дијалогот меѓу културите и цивилизациите, промовирајќи го човековото достоинство. Битола ја ставаме на иста линија со светските метрополи кои имаат почит кон уметноста како начин на живот и извор на енергија не само за уметниците туку и за обичните граѓани.
Настанот беше организиран во партнерство со Порта Џез и со финансиска поддршка на Општина Битола.