АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На денешен фен, 3 мај 1942 г, во близина на селото Ореово, Битолско, е разбиен БИТОЛСКИОТ НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН ПАРТИЗАНСКИ ОДРЕД „ПЕЛИСТЕР“.
Формиран е на 22 април 1942 година од 19 борци. Набрзо, откако преку шпиони е лоциран од бугарската окупаторска војска и полиција, беше опкружен над селото Ореово, Битолско и во борбата загинаа: народниот херој Елпида Караманди, која всушност, беше тешко ранета, заробена и набрзо свирепо убиена, Димитар Николовски-Таќи Даскало, Димче Хаџи Поповски, Мара Јосифовска-Ѓурѓа, Ордан Михајловски-Оцката и Ордан Орданоски-Сандански. Заробени беа: Ѓорѓи Наумов, Кочо Десано и Блаже Димитровски, кои беа одвдени во скопскиот затвор и таму подоцна обесени. Останатите партизани од Одредот успеаа да се спасат и илегално да дејствуваат во Битола.