АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Ансамблот на НУ Народен театар-Битола ќе настапи на сцената Artturbina на Народниот театар во Тирана каде за тамошната публика ќе биде изведена претставата „Артуро Уи“ од Бертолт Брехт, во режија на Ќендрим Ријани.
Од НУ Народен театар-Битола информираат дека после повеќе од 30 години, тоа ќе биде прво гостување на македонски театар на сцената на Народниот театар во Албанија, овој пат реализирано со поддршка на Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Тирана.
Во преставата закажана за 10 мај ќе настапат актерите Иван Јерчиќ, Илина Чоревска, Никола Стефанов, Хари Михајловски, Валентина Грамосли, Викторија Степановска- Јанкуловска, Никола Пројчевски, Сандра Грибовска, Анастазиа Христовска, Александар Димитровски, Петар Спировски и Александар Стефановски.
Во претставата на режисерот Кендрим Ријани, асистент на режија е Јован Ристовски, драматург Билјана Крајчевска, сценограф Валентин Светозарев, костимографија: Благој Мицевски, а композитор на музиката Тимор Доми.