Габриела Илиевска, претседател на Советот на Општина Битола на Фејсбук му возврати на повикот на градоначалникот Тони Коњановски за свикување на итна седница на Совет.
Читам од сабајле … градоначалникот на фб бара да се одржело седница?!
Ама не сум изненадена оти пред помалку од еден месец насилно ја “истераа” седница, па можи не знај градоначалникот која е процедурата за свикување и одржување на една седница на совет.
Срамота е на фб да се покажват јунаштини.
Да ви беше гајле за Битола и за проектите денес низ град ќе имаше нови камиони за ѓубре, видлив нов парк “по димензиите од проектот”, нови паркинг места и уреден простор секаде кај шо
се турнаа гаражите, немаше да вработвате по список од партија, немаше да делите пари на роднини и пријатели, немаше да ви смета шо има три независни советници кои една и пол година ве молеа да работите и со кои заради “кучињата низ град” се скаравте.
Да ви беше гајле за Битола немаше да потрошите 40 милиони за култура, а низ градот една нова канта и клупа нема клаено или шо би рекол колегата Ivan Culakoski дури фекалии течат по улици ние играме и пејме.
Никој не ви смета да работите, со тајни договори заради лични интереси на секоја седница “наоѓавте чаре” да ви помини нешто.
Освен сликање и пеење во Офицерски друго ништо нема видливо во градо.
А кога сме кај сериозноста, да ја имавте, немаше да си играте со довербата која ја добивте од битолчани.
И не ги замарајте луѓето со вашата неспособност за соработка, ние сите сме избрани за да работиме за доброто на битолчани, за жал Вие одбравте да работите за лични интереси на неколкумина.