2win800x200

Велевски од Левица-Падна на колена битолското здружение "Поинаку" како соработник на локалните политики на ДПМНЕ

Мај 17, 2023
Советникот од Левица Горан Велевски ја коментира состојбата во битолскиот Совет наведувајќи дека договорите кои ги правеа изминатиов период позади затворени врати, локалната самоуправа и Поинаку, им покажаа на граѓаните лош пример.
 
-Овој пример е полош од раководењето на Двојче, ама овој пат, падна на колена битолското здружение "Поинаку" како соработник на локалните политики на ДПМНЕ, иако сите знаеме, моменталната претседателка на советот Илиевска ги возеше политичките партии, почнувајќи од Народна, преку СДС, па здружението "Поинаку" и на крај со ДПМНЕ, пишува Велевски.
Тој се пожали дека од самиот почеток кога беше избрана Илиевска за претседател на локален Совет, до денес, не им се прифатливи инцијативите и проектите кои ги пласира Левица.
 
-Нека знаат граѓаните, не се поентите во капиталните проекти кои "Поинаку" како сестринска локална партија на ДПМНЕ, кои ги рекламираше пред граѓаните, тука има неадекватни финансиски предиспозиции, кој и што им ветувал!
Во годинешното владеење на Поинаку и ДПМНЕ, во нивните очи, оставивме белег како неискусни, недоквакани, шушмиња, од објавите на Чулаковски, за на крај да си ги бањаат гревовите во коритото на кои го поставија на камионот од Комуналец.
Е па драги, не е искуството во правната рамка на Советот, искуството е она што сме го доживеале како граѓани.
Разочарувачка е ситуацијата за која вие, како пропаганда го лажите народот. Тука сте во ист кош, моментално, потрошени како лист хартија.
Доста им е на граѓаните од моќници позади тастатура, пишува меѓу другото Велевски.
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани