АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес изврши увид на почетокот на работните активности за изградба на улична мрежа и реконструкција на коловоз на 10 краци во селото Егри.
Улиците ќе бидат асфалтирани во должина од 1370 метри, за што општина Битола инвестира 6.400.224 денари. Проектот се реализира по барање на жителите на селото Егри, кои изразија голема благодарност до градоначалникот, што нивното барање за подобра инфраструктура, наиде на слух кај локалната самоуправаи како што беше неодамна најавено веќе се работи на терен.