АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Нов борер за операционата сала на Одделението за ортопедска хирургија и травматологија набави менаџерскиот тим на Клиничката болница од Битола со сопствени средства. Новиот борер за работа веќе пристигна на Оделението и со него се замени постоечкиот кој беше стар повеќе од 30 години, безброј пати поправан, со што стана несигурен и ризичен како за пациентите така и за операторот.
„Новиот електричен борер на фирмата Zimmer е современ, прецизен и лесен за работа, со што се скратува времетраењето на операциите и го подобрува квалитетот на работа. Во склоп на истиот има додатоци за пили, бургии, киршнерови игли, римери и друго, со што безбедно и по највисок светски стандард ќе бидат изведувани травматолошките и ортопедските операции.Веруваме дека со големата ангажираност на менаџерскиот тим и со подобрување на квалитетот на работа на тимот во Ортопедија наскоро ќе го вратиме високиот рејтинг кој го имаше ова одделение, а со тоа и довербата кај пациентите“, изјави портпаролката на Клиничка болница, Сузана Конеска.