Интегрален текст од прес конференцијата на Мирјана Захариевска Ралевски, советник од СДСМ
Градоначалникот Тони Коњановски застана во одбрана на криминалот и недомаќинското работење во јавните претпријатија во Битола! Коњановски ги штити партиските војници од ДПМНЕ вдомени во управните и надзорните одбори на јавните претпријатија, наместо да ја штити Битола од пропаста што ѝ се случува!
Водовод во минус од 21 милион денари!
Комуналец во минус од 32 милиони денари од кои 18 милиони по завршна сметка за лани!
Пазари во минус од 3 милиони денари!
Паркинзи во минус од над 1 милион денари!
Ова се резултатите од работењето на директорите поставени од градоначалникот Тони Коњановски!
Овие катастрофални показатели од работењето на јавните претпријатија во Битола ги прифатиле и одобриле членовите на управните и надзорните одбори!
Каде завршиле парите на битолчани кога нема една нова канта за ѓубре низ градот, нема нови проекти во Водовод, нема нови паркинзи?
Коњановски упорно одбива да ги погледне сметките на јавните претпријатија кои со секој изминат месец влегуваат во се поголема финансиска дупка, со што на Битола и се заканува целосен колапс!
Но, одговорност мора да има!
СДСМ и коалицијата нема да дозволат реприза на Владимир Талески Двојче кога јавните претпријатија беа партизирани, ограбени и оставени до гуша во долгови. Ако сега не се преземе нешто, Битола ќе ја снајде истата судбина како во времето на двоецот Талески – Бончановски.
Затоа, го повикуваме градоначалникот Коњановски конечно да ѝ погледне на вистината в очи и да престане да ги штити менаџерските тимови во јавните претпријатија кои работат криминално и недомаќински. Го повикуваме Коњановски да се однесува како градоначалник, а не како партиски намесник. Битола е поважна од партиските интереси на ДПМНЕ!