АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Интегрален текст од советничката Лидија Павловска од ВМРО ДПМНЕ на тема кружен тек кај поранешна Ветеринарна
Локалциве од СДС почнуваат да се надминуваат себе си, во лажење, манипулирање и дрско непочитување на граѓаните.
Не можеме да веруваме, дека по сите кажани лаги во Шарената револуција, по сите гушкања на дрвјата и објектите, дека сеуште се во обид некој да ги сфати сериозно и дека и натаму не разбираат многу просто и едноставно: старите финти веќе не поминуваат!
Навистина незнаењето, неинвентивноста и лицемерието кулминираат во реакцијата за кружниот тек на улицата Прилепска со улицата Баталјон Стив Наумов.
Но, овој пат има и една друга страшна појава.
Појавата на амнезија, затоа што тие советници, истите, кои денес се кријат зад бледи, лажни партиски соопштенија ја поддржаа Програмата за уредување на градежно земјиште.
Почитувани граѓани, Програмата за уредување на градежно земјиште помина едногласно и сите советници гласаа за неа.
И овој проект, легитимно покрај едногласната поддршка на седницата на Советот на општина Битола е поддржан и од мнозинството граѓани кои гласаа на локалните избори за градоначалникот Коњановски и неговата програма и визија за Битола.
Во овој дел од градот, реална е потребата од интервенција и средувањето на сообраќајниот хаос, преку промена на сообраќајниот режим од крстосница со сигнализација во крстосница со кружен тек, а проектот опфаќа покрај коловозот, реконструкција на канализационата мрежа и улично осветлување.
И на крајот, друг пат, господо од СДС, неколку препораки, добро читајте и активирајте ја барем малку меморијата!