2win800x200

Михајловски-ЈП Паркинзи е ликвидно, електричното вовче Мечо е набавено за брзо ќе биде во функција

Јуни 06, 2023

Зоран Михајловски директор на ЈП Паркинзи денеска на прес конференција кажа дека претпријатието е ликвидно а ветеното  се реализира 

Минативе денови сите сме сведоци на една лажна политичка кампања од една исто толку лажна и шаренолика коалиција која преку невистини и клевети има за цел да ги дефокусира сите од очајот во кој е доведена Државата а со тоа и сите ние. За жал жртви во целата оваа лажна кампања се Општинската администрација и јавните претпријатија.
Шарените сејачи на лаги безобзирно го уништуваат угледот на општинската администрација и јавните претпријатија но воедно ве потценуваат и Вас почитувани граѓани со сервирањето на лажни вести.
Вистината за ЈП Паркинзи е следна:
Претпријатието е ликвидно и редовно ги подмирува сите обврски или народски кажано не должи никому ниту денар!
Ако продолжам со споредбата на 2021 со 2022 година бројките се немилосрдни и воопшто не им одговараат на шарените лажни вести.
Минатата година два пати се зголемија платите на вработените. Минатата година се набавија средства за лична заштита на вработените во износ за 82 проценти повисок од 2021.
Зголемените трошоци за енергенси се должат на нивната неспособност да се справат со енергетската криза. Без зголемување на потрошувачката на енергенси износите на трошоците се зголемиле за 41 процент за струја и 82 проценти за гориво. Ете ја неспособноста за справување со енергетската криза преку бројки кои ниту се шарени ниту пак лажни.
​Од друга страна приходите се зголемени без да се зголеми цената на услугите кои Вие почитувани граѓани ги плаќате. Вкупното зголемување од услугите по основ на паркирање е за скоро 2,5 милиони денари повисоко од 2021 година.
​А колку сега веќе бившата општинска администрација се грижела за Претпријатието, но и за безбедноста на граѓаните се гледа по средствата кои ги платила за бележење на улиците и поставување на сообраќајни знаци. Во 2022 година се за цели 143 проценти повисоки од претходната. Најдобрата бројка која покажува зошто граѓаните ви пресудија на претходните избори. Бројка која ја покажува вашата вистинска грижа за градот, наместо шарените лаги и клевети кои ги слушаме деновиве.
​Почитувани Битолчани вработените во ЈП Паркинзи Битола во соработка со Општинската администрација предводена од Градоначалникот др Тони Коњановски во континуитет ќе стои зад секоја Ваша потреба, посветено и доследно согласно ветувањата во предизборната кампања во која сите ние заеднички ја поразивме неспособноста на претходниците. Во прилог на ова е и електичното вовче Мечо кое е веќе набавено и за брзо ќе ги забавува нашите најмлади граѓани.
​А на поразените ќе им порачам да ги остават настрана шарените лаги и да се завртат кон себеси. Преиспитајте се. Наредниот пораз ви е наскоро. Една мисла од кинески филозоф вели: „во поразот има 1000 лекции а во победата само една“, но ако 1000 лекции ви се многу прочитајте ја басната од Езоп Комарецот и бикот. Многу е кратка но многу поучна.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани