2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Болницата од Флорина, Грција донираше компјутерска опрема за ОУ „Стив Наумов“ во Битола

Јуни 07, 2023

Со посредство на Генералниот Конзулат на Грција во Битола, ООУ ,, Стив Наумов", доби вредна донација од грчката болница во Флорина.  Станува збор за компјутерска опрема за потребите на училиштето, која ја предадоа Генералниот конзул на Грција во Битола, Александрос Видурис и   Јоргос Манцос, директор на болницата во Флорина, Република Грција

- Во односите со заедницата не е доволно само да бидеме добар сосед, туку треба да бидеме и добар партнер. Преку поддршка со разни проекти, донации и преку голем број активности, болницата и градот Флорина натаму ќе се труди да придонесе за подобрување на постојните или за иницирање нови начини за враќање кон нашата заедница во сите области за правилен развој на најмладите во општеството, рече Јоргос Манцос, директор на болницата во Флорина, Република Грција

Генералниот конзул на Грција во Битола Александрос Видурис ја истакна својата заложба за придонес во активностите за општествена одговорност за подобрување на условите за правилен развој и за квалитетно образование на младите.

Директорот на ООУ,,Стив Наумов"- Битола, Никола Пискачев им се заблагодари за донацијата

- Ова што го направивте за нас како општествено одговорна институција е од големо значење за нашето училиште, а посебно за нашите ученици. Квалитетот на наставната програма зависи и од опремата со која располага училиштето, а во денешницата, информатичко-дигиталните операции се важна алатка за развој на училишниот процес.Ви се заблагодарувам пред сè во името на учениците,вработените и родителите, рече Пискачев.

На средбата се разговараше за продложување на соработката и збратимување со основно училиште од градот Флорина.

352491369 779926906955752 2745371204012169213 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани