2win800x200

Степановски обвинува-Директор на СДС во Комуналец зеде кредит од 20 милиони денари за „НЕДАЈ БОЖЕ“

Јуни 08, 2023
Интегрална изјава од прес конференцијата на директорот на ЈКП Комуналец Битола Горан Степановски 
 
Со оглед на тоа што последните неколку дена сме сведоци на изнесување на невистистини за состојбата на ЈП Комуналец денес решив да ги согледаме и кажеме фактите
Фактите кажуваат дека на 14.12.2021 со превземањето на претпријатието беше во катасрофална финансиска и сотстојбата во возниот парк.
Состојбата на сметката изнесуваше 6.4 милиони а само за плата без тековни обврски беа потребни повеке од 8 мил.
Незаконското работење на претпријатието во перидот од 17та до 21ва беше симбол на работење на ЈП Комуналец.
Па затоа во моментот има неколку постапки против Менаџерскиот тим од тоа време каде што се надлежните органи испитуваат
мегаломанските суми на трошење на средствата по повеке основи.
Исто така добро е да се спомене што за период од 4 години се вработени над 93 вработени што за мала разлика од периодот од 2006 до 2017 година бројот на нововработени е значително помал.
Околу катастрофалната финансиска состојба по превземањето е и фактот што наследивме и кредит со хипотека на имотот кој го поседува ЈП од 20 милиони денари од кој беше одобрен во 2018та од тогашното мнозинстовото во советот на општина битола како што директорот изјави за „недај боже„ .
Кредитот започна со отплата во март 2022 година со месечен ануитет од 800.000 кој влијае на тековното работење на фирмата , од кој еден дел беше потрошен за исплата кон добавувачи и за плати за вработените,
Сите овие факти доведоа до реална загуба од 22милиони денари за 2021ва година.
Во перидот од 2022 и првите 5месеци од 2023та година е зголемен бројот на површини кои ги одржуваме а исто така и бројот на активности кои се извршуваат.
Во текот на пролетниот период во 2023та година се посадени околу 1000 дрвја на територија на општина битола и можиме да се пофалиме дека имаме над 95% успешност од засадените.
Исто така е засаден над 35.000 цветен расад во централното градско подрачје и градските паркови.
ЈП во последните 12 месеци два пати ги зголеми платите на вработените минималната за 28% а додека просечната над 20%.
Исто така еден факт што се избегнува да се каже за финансиската состојба е тоа што цените на услугите на ЈП не се променети над 20години што
за претпријатието претставува потшкотија во работењето и обнувувањето на возниот парк.
И покрај сегашната тешка финансиска состојба правиме напори за обновување на возниот парк кој е еден од најгорливите проблеми на Јавното Претпријатие.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани