Во ООУ „Свети Климент Охридски“, денес се одржа завршната манифестација „Прогласување на најуспешните за Училишен спорт“ за учебната 2022/23 година. Во овие активности беа вклучени 3200 ученици во 28 категории во 15 спортови.
За најуспешно основно училиште е прогласено ООУ „Климент Охридски“, а за најуспешно средно училиште СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“.
Градоначалникот Коњановски, честитајќи им на најуспешните им посака нови спортски резултати во следната учебна година и уште поголема ангажираност на наставничкиот кадар и учениците, со цел поттикнување и развој на спортскиот дух кај младите.















