Проект за реконструкцијата на ул. Драгорска Општина Битола!
Денес 22.06 2023(четврток) започнаа работните теренски активности на екипите на ЈКП Водовод Битола.
Ќе се изврши реконструкција на водоводна мрежа со должина од 522 метри.
Вкупната вредност на овој проект, вклучувајќи ја водоводната мрежа, канализационата и реконструкцијата на коловозот изнесува 16.140.254 денари.








