2win800x200

Детето каснато од улични кучиња е на возраст од 13 години, примено е на Ортопедија и е во добра состојба

Јуни 25, 2023
фото Апла мк фото Апла мк

Детето каснато од кучиња скитници е примено на Ортопедија и е во добар состојба, потврдува директорката на Клиничка болница  Битола д-р Елизабета Ивановска.  

„Дете на 13 години е примено на одделението за Ортопедија со каснатини од куче. Има повреди на десна глутеална регија. Повредите се санирани“, потврди д-р Елизабета Ивановска, директор на Битолската клиничка болница за „Апла.мк“.  

Денеска од куче скитник бил каснат и странец од Србија и тој е лекарски третиран.

„Исто така 49 годишен странец е каснат од куче скитник на лева потколеница и нему му  е укажа лекарска помош на Ортопедија и пуштен е од болница“, потврди д-р Ивановска.

Фотографија Апла.мк. 

А.Блажевска

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани