Денес започна асфалтирањето на улиците во село Егри. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, изврши увид во текот на работните активности, кои се дел од проектот за изградба на улична мрежа и реконструкција на коловоз на 10 краци со должина од 1370 метри, во вредност од 6.400.224 денари.








