Доцна синоќа по завршувањето на седницата на Совет, градоначалникот Тони Коњановски со реакција
Новото мнозинство на СДСМ и Поинаку го направија токму она на што предупредив утрово. Претседателката на Советот, Габриела Илиевска, продолжува со популизам и своеволие да и штети на Битола. Вакво незаконско работење од страна на претседател на Совет, не е запаметено досега во Битола.
И покрај, предупредувањата од општинската администрација, за законските ограничувања, беа усвоени амандмани, а со тоа и ребаланс кој ја надминува дозволената рамка и нема да биде вчитан од Министерството за финансии. Со ова, не се одобрија средства за:
- Професионалните спортски клубови и дореализација на реконструкцијата на спортската сала „Боро Чурлевски“
- Лицата со ретки болести
- Реконструкција на Планинарски дом Копанки
- Продолжување на реконструкцијата на улица Драгорска, улиците во Горно и Долно Оризари
- Субвенции за сите апликанти за клима уреди
Незаконското работење на претседателката Габриела Илиевска, единственото што ќе и го донесе на Битола е само назадување и стагнација!