2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

На денешен ден почина Трајче Грујоски, учесник во НОБ

Јули 17, 2023

НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 17 јули 2016

Во Скопје почина Трајче ГРУЈОСКИ, припадник на македонското Националноослободително и комунистичко движење и учесник во Антифашистичката војна во Вардарскиот дел на Македонија. Роден е на 19 август 1921 година во селото Раково, Леринско, Егејски дел на Македонија. Беше член на југословенската комунистичка младиниска организација (СКОЈ) од 1939 г., на Комунистичката партија на Југославија (КПЈ) и Месниот комитет на СКОЈ во Битола од 1941 г. Беше и секретар на Обласниот комитет на СКОЈ, борец на Битолскиот партизански одред "Јане Сандански" од 1942 г., инструктор на Леринскиот партизански одред "Вичо", политички комесар на чета во Битолскиот партизански одред "Гоце Делчев" во 1943 г., член на Вториот областен комитет на Комунистичката партија на Македонија (КПМ) во 1943 г. и заменик-политички комесар на Втората оперативна зона на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија (НОВ и ПОМ). По ослободувањето дипломираше на Правниот и на Економскиот факултет, а потоа докторираше на темата „Битола - дејството на основните општественоекономски факори врз развитокот“. Работеше како редовен професор на Економскиот факултет и на Факултетот за безбедност и општествена самозаштита во Скопје, како директор на Уредот за статистика на Народна Република Македонија (НРМ). Беше и секретар на Извршниот совет на НРМ, сојузен секретар за законодавство и организација на власта на Сојузниот извршен совет (СИС), претседател на Републичкиот совет на Собранието на Социјалистичка Република Македонија (СРМ), потпретседател на Извршниот совет на Собранието СРМ, член на Сојузниот извршен совет, судија на Уставниот суд на СРМ, претседател на Претседателството на Сојуз на здруженијата на борците од Народноослободителната војна (СЗБНОВ), член на Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Македонија (СКМ) и републички пратеник. Неговите научни трудови се однесуваат главно на Антифашистичката војна и на економскиот развиток на Битолско. Бил носител на „Партизанска споменица 1941“ како и на низа други ордени, награди и признанија..

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани