2win800x200

Коњановски: блокадата на која што укажував, денес ја потврди и СДСМ

Јули 18, 2023

По денешната прес конференција на СДСМ за ребалансот на буџетот, со реакција се огласи градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

„На популистичката политика која ја водат советниците од СДСМ, предводени од Претседателката на Советот, Габриела Илиевска, упорно укажував уште пред седницата за ребаланс на буџетот на Општина Битола. Мојата загриженост за блокадата на општината која ја најавија дел од советниците, беше токму заради напредокот на Битола и проектите што се реализираат, а кои заради партиски интереси на дел од советничките групи, може да бидат закочени.

Денес, советниците од СДСМ, ги користат моите зборови, за да покажат некаква вербална загриженост, која во пракса ја покажаа на спротивен начин.

И јас, како и општинската администрација, јавно и на самата седница на Советот, повикувавме на разумност и рационалност, со дефинирање на заеднички приоритети за кои, советниците ќе предложат проекти кои ќе се реализираат, за вредност на тие кои ќе се откажат.

Наместо, конструктивен буџет во интерес на Битола, добивме буџет кој ја надминува дозволената рамка и кој, како што цело време предупредувам: нема да биде вчитан од Министерството за финансии.

Битола ќе загуби време и можност за повеќе проекти, поради партиски интереси.

Мојата работа во интерес на Битола продолжува согласно можностите кои постојат во моментот. Очекувам дека конечно и Советот ќе почне да дејствува законски и конструктивно“ стои во реакцијата на Коњановски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани