Интегрален текст од прес конференцијата на Борче Корлевски, советник од СДСМ
На седницата на Совет на Општина Битола, на која беше усвоен ребаланс на буџетот, на предлог на советничката група на СДСМ, советниците изгласаа амандман со кој се предвидуваат 10 милиони денари за изградба на пристапната улица од улицата „Крушевска Република“ која поминува зад стадионот, до службениот влез на северната трибина.
Изградбата на оваа улица е неопходно за пристап на Брза помош и противпожарни возила, бидејќи влезот од страната на паркот е затворен, а во перспектива
и за играње на натпревари од повисок ранг.
Градоначалникот, Тони Коњановски не го прифаќа овој амандман и покрај тоа што сите советници едногласно го изгласаа и не сака да ја изгради улицата која е предвидена со проектот за стадионот.
Коњановски не дава пари за оваа улица без која стадионот е нефункционален, а има за реконструкција на улицата на која живее.
Наместо да шета по светот и да вежба снимање клипчиња како некоја “Тик ток” ѕвезда, Коњановски да седни со службите и да го изработи ребалансот со усвоените амандмани. Ако Министерството за финансии не го прифати новиот буџет, единствен виновник ќе биди тој. Советниците не се изработувачи на буџет за да кажат од кои ставки да се земат, а во кои да се додадат пари за да се реализираат проектите изгласани како амандмани. Стручните луѓе во општината треба да си ја завршат таа работа, за тоа се платени од граѓаните, а не за да ги исполнуваат небулозните желби на Коњановски и ДПМНЕ!