2win800x200

Притвор за насилниците од крвавата тепачка на Ракометно

Јули 25, 2023
фото аналитик фото аналитик

На барање на Обвинителството од Битола, судијата во претходна постапка на двајца од осомничените што нападнаа со нож малолетници кај Ракометното игралиште, им е одреди мерка притвор во траење од 30 дена. Осомничените се товарат за кривично дело од Кривичниот законик по член 131 став 3 за нанесување тешка телесна повреда. 

Напаќачите се во притвор во Скопје. 

На 22 овој месец после полноќ кога на Ракометното игралиште во Битола имало концерт на турбофолкерка се случила крвава пресметка кога поради банална причина тројца напаѓачи повредија со ноќ двајца малолетници. 

Полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода С.Б.(19), Д.Ј.(18) и Б.А.(18), сите од Битола, а на службен разговор во полициска станица се повикуваат и други лица поради сомнение за инволвираност во физичката пресметка. Според пријавеното, две малолетни лица и еден 19-годишник со повреди се пренесени во Клиничка болница Битола за укажување на лекарска помош. 

Повредните малолетници поради сериозноста на повредите итно беа префрлени на клиниките во Скопје. Нивната здравствена состојба се подобрува. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани