2win800x200

Дури 32 малолетници вчера биле пијани на журката во објект кај „Влашките гробишта“

Јули 25, 2023

Речиси половина од присутните малолетници на журката во објект кај „Влашките гробишта“ синоќа биле пијани, потврди битолската полиција за АПЛА.мк Од присутните 73 малолетници дури кај 32 е потврдено дека консумирале алкохол. Во рутинска  акција вчера полицијата влезе во објектот, а родителите ја оценија позитивно полициската контрола . Децата за да присуствуваат на забавата плаќале 350 денари. Сега Родители бараат полицијата да ја заврши истрагата и да ги казни организаторите кои дозволиле алкохол на журката, но да се побара и одговорност од сопственикот на објектот.   

Официјално полицијата за АПЛА.мк извести- 

„Затекнати малолетници под дејство на алкохол во Битола после полноќ Вчера (24.07.2023) во временскиот период од 22.00 до 02.30 часот од страна на полициски службеници од СВР Битола, постапено е по план за „Безбедно лето 2023“, при што во објект на ул."Македонска фаланга" во Битола, затекнати се 73 деца. Во присуство на нивните родители тие се алкотестирани при што кај 32 деца е утврдено присуство на алкохол при што се предадени на родителите.

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани