2win800x200

Талевски-Нискоградба Битола набави машина за чистење и одзатнување на канализациони приклучоци во колективни и индивидулни  станбени згради

Јули 26, 2023

 

Нискоградба Битола набави машина за чистење и одзатнување на канализациони приклучоци во колективни и индивидулни  станбени згради и чистење на приклучоци на сливници, нова платформа за електронска наплатата на сметките за канализација и трето новина за одлагање на градежниот шут. 

Ова го најави директорот на ЈКП Нискоградба Битола Зоран Талевски. 

 

 

Како прво, би изразил благодарност  до  советниците кои гласаа за одобрување на донација во износ од 450.000,00 денари ,овие средства ги обезбеди ОПШТИНА БИТОЛА за набавка на машина за чистење и одзатнување на канализациони приклучоци во колективни и индивидулни  станбени згради и чистење на приклучоци на сливници.

Машината е набавена преку системот за јавни набавки .

Станбените сервиси или граѓаните кои имаат ваков проблем можат да добијат услуга од овој вид по претходно доставено   барање во КЈП НИСКОГРАДБА Битола. Уште еднаш сакаме да истакнеме дека ова јавно претпријатие е во служба на нашите сограѓани и да излеземе  во пресрет на решавање на проблемите од овој вид.

Нема достапен опис.

Друг вид на новина во ова јавно претпријатие за што би сакал да ги известам граѓаните на нашата општина е поставеното прашање на нашата платформа за електронска наплатата на сметките за канализација. Поставеното прашање е дали корисникот на нашите услуги е согласен во иднина да добива месечни сметки за канализација во електронска форма наместо како до сега во хартиена форма.

Како јавно претпријатие се трудиме да сме во чекор со новите трендови при достава на сметките за нашите услуги.

Бенефитот од оваа новина е обостран , јавното претпријатие ќе има пониски трошоци,  ќе има сегмент од еколошка гледна точка а и граѓаните навреме и на нај едноставен начин ќе ги добиваат месечните сметки за овој вид на услуга.

Нема достапен опис.

Како трето и многу важно за нашиот град и граѓаните на општина Битола е информацијата за одлагање на градежен шут.

Во летниот период, најчесто градежната сезона е во ек, многу домаќинства и останати правни субјекти пристапуваат кон реновирање на објектите во кои живеат или стопанисуваат при  што се ослободува градежен шут. Знаеме дека овој градежен шут најчесто завршува во диви депониии од страна на не лиценцирани превозници или од страна на сопствениците се врши одлагање  на несоодветни места. КЈП Нискоградба Битола со трактор или друга расположива механизација по претходно доставено барање врши подигање,транспорт и одлагање на градежен шут на место кое е наменето за оваа цел. Како информација до граѓаните, подигнување до 2 метри кубни градежен шут чини  1.000,00 денари.

КЈП Нискоградба Битола ќе продолжи посветено да работи и да испорачува квалитетни и навремени услуги  за граѓаните и општина Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани