2win800x200

Коњановски - се финализира проектот за изградба на коловоз на улицата СРУ 5 во АРМ

Јули 27, 2023
https://www.facebook.com/OpstinaBitola/videos/796527352215149
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес изврши увид на активностите со кои се финализира проектот за изградба на коловоз на улицата СРУ 5 во АРМ. Улицата се асфалтира во должина од 180 метри и вкупна вредност на инвестицијата од општинскиот буџет во вредност од 6.133.710,03 денари. Претходно, на оваа улица локалната самоуправа инвестираше во поставување на водоводна мрежа.
Ова е уште еден инфраструктурен проект, планиран и реализиран од Општина Битола во оваа градежна сезона, во која досега се завршени над 4.5 километри патна инфраструктура во урбаниот и руралниот дел од општината, а работите тековно, според програмата се одвиваат на над 15 други локации.
Изјава на градоначалникот Тони Коњановски во врска со реализацијата на Проектот за изградба на колов на дел од улица СРУ 5 и дел од тековните проекти
Можно е да е слика од 5 луѓе и текст кој вели „B“
Можно е да е слика од 7 луѓе и пат
Можно е да е слика од 3 луѓе, соба за вести и текст
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани