Во текот на изминатата ноќ во период од шест часа само на територијата на СВР Битола биле фатени 51 пијан возач, соопшти МВР.
Акцијата била спроведена во периодот од 22 до 4 часот, а најголем дел од возачите под дејство на алкохол на територијата на СВР Битола биле откриени во Прилеп – 26.
Во Битола биле фатени 10, во Македонски Брод пет, во Ресен четири и во Крушево и Демир Хисар по тројца.
„За време на контролата биле санкционирани и 49 други видови прекршоци. Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила“, велат од МВР








