Тој додава дека ова тело ќе биде пандан на коменаџмент на европско ниво, а одлучувачката моќ ќе биде на самиот граѓански сектор.
„Има некои најави за екипирање, но кога ќе биде не знам, на институциите им е полесно тоа да го направат затоа што тие веќе ги имаат номинирано нивните претставници. Институциите се осум, а граѓанските организации се девет и претседателот на ова советодавно тело се бира од редот на организациите“ објасни Тасев.
Советникот за млади во Владата за Трн откри дека очекува до крајот на септември да се донесат и потребните измени на Законот за младинско учество и младински политики.
„Тоа е предвидената динамика. Од клубот на младински прашања беше испратен апел да се вклучат и други останати организации, да достават свои коментари, тие доставија, коментарите се разгледани и од пратениците и од медиумите и со поддршка на меѓународни партнери истите тие треба да се разгледаат дополнително и согласно дали се применливи, реално остварливи ќе се вметнат или нема да се вметнат“, потенцираше Тасев за читателите на Трн.