АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
За викендот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 22 возачи.
За време на контролата биле санкционирани и 25 други видови прекршоци, информираат од МВР.
Од МВР информираат дека вчера на територијата на град Битола била спроведена локална акциска контрола за брзина при што санкционирани се 24 возачи кои ја надминале дозволената брзина.
Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови и од МВР, апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.