АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Директорката на Центарот за култура од Битола, Маја Андоновска Илијески денеска ги најави есенските настани и активности и соопшти дека веќе е потпишан договор со атрактивната и контоверзна музичка група Лајбах која ќе биде дел од 15 јубилејно издание на Фестивалот на музика од светот во ноември.
-Веќе е потпишан договор за бенд кој на светската мапа на бендови е запишан од 80-тите години, бил предмет на контроверзии, а потоа се докажал дека се најголемите “индустријал“ уметници на сите времиња. Ние влегуваме во нивната есенска, светска турнеа, и се наоѓаме на мапата на нивната турнеа, покрај 20 други градови, покрај Лондон, Амстердам, Малме, Прага… Станува збор за бендот “Лајбах“ кои ги поканивме во Битола по мои контакти, и веќе е потпишан договорот за настапот во Битола, а ќе биде голем целовечерен концерт. Тие веќе на нивниот спот за турнеата, ја најавија Битола, а за останатата програма од фестивалот ќе се сретнеме повторно.
Се заблагодари за поддршката која ја добив за фестивалот “Илинденски денови“ и ги соопшти што публиката може да очекува во следниот период
- На 7 сепрември в НТБ подготвуваме концерт на битолчанецот Крсте Роџевски, познат како македонски пејач, гитарист и композитор, човек кој повеќе од 20 години живее во Њу Јорк, активен во авангардбата сцена. Тој соработуваше со Дуке Бојаџиев, со Милчо Манчевски , и мене ми е драга што тој по подолго време ќе има солистички концерт во Битола, и со него симболично ќе започнат нашите есенски активсности во Центарот за култура. Инаку, Крсте Роџевски е дел од националната програма на Министерството за култура, како проекти од национален интерес, рече Маја Андоновска-Илиевски.
На 14 септември Камерниот оркестар од Битола ќе одржи концерт посветен на “Ем-ти-ви“ каналот со музика од 80те и 90те години,
-Овој концерт кој ќе се одржи во Центарот за култура ќе не потсети на “златното време“ на “Ем-ти-ви“ и прекрасните звуци на песните од тој период, бидејќи тоа не беше само музички период, туку и ера која што ја дефинира иднината. Сите ќе имаме шанса да ги доживееме тие историски моменти со звуците на Камерниот оркестар на Битола, кога музиката беше израз на револуција, култура и совршенство, рече Андоновска Илијески
Од 23 до 29 септември Центарот за култура ќе ги отвора вратите за Филмскиот фестивал “Браќа Манаки“ кој е оваа година својата главна програма ќе ја има во Големата сала, а по завршувањето на овој Фестивал тука ќе се одржи и уште еден фестивал “Интерфест“ кој ќе започне со голем концерт на 11 Октомври, со светска атракција, додаде директорката на Центарот за култура.
Потоа во октомври и ноември следат и други насатани, тука е неделата на јапонски филм, изложбите на Драган Најдовски и Димитар Кочевски – Мичо, како и 15 по ред Фестивал на музика од светот.